Ина Многуфина за ФЗО: Како тоа може тука да се лекува Лео, а не кажуваат каде?

Ниту Ина Многуфина не остана имуна на ситуацијата која деновиве „ја распламна“ македонската јавност. 

Зошто ФЗО не му одобри средства за лекување на младиот Лео во Австрија? 

Фејсбук објавата на секогаш „острата на јазик“ и реална Ина Многуфина ви ја пренесуваме во целост: 

- Откако стигнаа со фалењата до вести дека го пренесоа првиот пациент со хеликоптер во странство, уште зурли тапани фалеа, ги собраа аплаузите, па денес го оставија Леонид без пари да се лечи сам. Ист таков случај пред 3 години имавме со доктор Јота коа го удри кола додека одеше да си ги посети пациентите, па остана скоро неподвижен. Не му дадоа пари да се долечи во странство па отиде сам во Словенија, што е светлосни години пред нас во медицинска опрема, го дигнаа таму за неполн месец ене го пак оперира ко ништо да не било.

Какво е тоа објаснување дека вакви случаи може да се лечат тука, ако докторите рекле нема тука каде, ФЗОМ се постручни па ќе идат против докторите? Кој е толку паметен од ФЗОМ дајте да го видиме, коа веќе го плаќаме? Да не е некој од напиканите по партиска линија за трајни вредности или од оние за партиска детска радост? Што е проблем да се направи нов правилник и луѓето да добиваат соодветна помош ако веќе овде не може да ја добијат? И кој е тој одговор овде може да ја добијат ама не кажуваат каде. На апаратите од 45та ќе дигнат пациент што е на респиратор? Како на вакви пациенти штедиме, а за покачување на плати нема проблем?

Ќе му собереме ние пари на Леонид, нема проблем, овој народ сочувствува со туѓи проблеми. ФЗОМ нека продужи да реди срамови, идат избори, да не биде после ред солзи ред мрсули.