Голема е разликата меѓу Јапонија и Македонија - Ина Многуфина со хит статус!

Јапонија и Македонија - доијаметрално спортивни во менталитетот. Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина со интересна „опсервација“ на оваа тема! 

Иронично и „без влакна на јазикот“ ја коментира ситуацијата во земјава, а очигледно ни фали барем „трошка“ од јапонскиот менталитет! 

Нејзиниот фејсбук статус ви го пренесуваме во целост: 

- Во Јапонија некој наставник си ставал кафе, платил за кратко кафе ама стаил дугачко, разликата е пола долар. Заради тоа што во Јапонија да преебеш некого не е фраерско, го отпуштиле од работа, изгубил дозвола за работа, го пикнале во затворче и изгубил право на пензија. Сметале дека треба да е пример на другите, а не криминалец.

Кај нас е фраер тој што некого ќе преебе, ќе ќари, нема да плати, ќе украде... општество каде се верува дека ако работиш ко државен службеник е успех, ако си во политика е можност за заработка, ако си парламентарец можност за патарини, а народот и народните пари кој ги ебе, е општество кое нема систем, нема вредности, нема морал, нема етика. Ние све тоа имаме темелно исчистено и сега си живееме опуштено како држава, не сме робови на обврски, на срам, на чест. Еднаш се живее, мора да се живее добро, нема потреба да се гледа за другиот или за народот и народните пари. Секој за себе си гледа и само опуштено.

Голема е разликата меѓу Јапонија и Македонија. Они не знаат да живеат, да се опуштат, каде да се брза? Ене им стигнал воз 20 секунди порано се потепале од извинување на луѓето. Па и треба да се извинат, што е тоа брзање... еве ние немаме возови и не губиме време во извинувања. А сите знаеме времето е највредното нешто на светот. Логика малце Јапонијо и опуштено.