Малку познати симптоми на недостаток на витамин Б12

Една од најважните хранливи материи е витаминот Б12, кој на луѓето им е потребен за нормално функционирање.

Photo by Ivan Aleksic on Unsplash

Витаминот Б12 учествува во бројни процеси во телото, вклучувајќи ја синтезата на ДНК, формирањето на црвените крвни зрнца и изолационата обвивка која овозможува пренос на сигнали преку нервниот систем.

Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност. Сепак, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

Според една статија објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ) оваа година, забележани се пет проблеми кои се јавиле кај 85 проценти од пациентите со недостаток на Б12: проблеми со меморијата, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрени).

Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност. Сепак, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

„Анемијата е присутна кај помалку од 20 проценти од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, кои се многу почести, може да потраат со месеци, па дури и години за целосно да се решат“, се наведува во написот.

За луѓе кои немаат голем дефицит на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот Б12 може да се дава орално во доза од 1000 до 2000 μg еднаш/ден. Притоа, треба да знаеме дека витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. 

Во повеќето случаи, ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја збогатите исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца и храна збогатена со витамин Б12. Меѓутоа, ако недостатокот е потежок, можеби ќе треба да земате суплементи за да го зголемите внесот на овој важен витамин.