Македонија воведува санкции против Исламската држава и Ал Каеда

Земјите кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област – Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

„Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба“, се наведува во изјавата на Борел

Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо.