Македонија може да здивне. Откако и се заканија на Бугарија со вето за влез во Шенген зоната таксата за рускот гас ќе се укине

Унгарија како една од државите членки на ЕУ со право на вето во понеделникот и се заканила на Бугарија дека ќе ја блокира за влез во Шенген зоната доколку не ја тргне таксата за рускиот гас. Колку за потсетување и Македонија беше погодена од ваквата одлука со оглед дека огромен дел од гасот кој го користиме доаѓа токму од Русија.

Иако Македонија, Унгарија и Србија се обидоа и вложија огромни напори да ги разубедат бугарите да не го прават тоа, сепак таксата беше наметната со цел Европската унија побрзо да се откаже од рускиот гас, но и да се соберат дополнитени приходи во буџетот на Бугарија чии проценки беа околу 1.2 милијари евра. Но она што остана нејасно е како ќе се наплати таксата од рускиот гас со оглед дека не постои механизам за налата.

Од целата оваа работа Бугарија не постигна ништо само дополнително ги влоши односите со сите оние земји кои беа погодени од ваквата непромислена одлука на бугарските власти.Во соопштението пратено од двете најголеми партии во Бугарија ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ покрај тоа дека се откажуваат од давачката од 20 лева за мегават час за пренос на гас преку Бугарија напишаа дека најважни им се доброседските односи и дека ова е најважната причина зошто тие ќе ја поништат претходно донесената одлука.