Македонците се плашат да купуваат преку интернет поради злоупотреба на лични или податоци кои се дел од платежните картички

Граѓаните се плашат да купуваат преку интернет. Статистиката покажува дека само 15 проценти од корисниците на интернет се решаваат на овој начин да дојдат до посакуваните производи.

Најчесто купуваат облека или спортска опрема. и услуги. Дури 80 проценти од граѓаните претпочитале да  купуваат лично во продавниците, од навика или бидејќи сакале да се осигураат за производот. Најмногу од нив се плашат од  злоупотреба на лични или податоци кои се дел од платежните картички.  Најдобро упатени се младите, за нив не претставува проблем бидејќи го разбираат начинот на кој функционира онлајн пазарењето.  

Околу 15 проценти според статистика изминатива година нарачале нешто преку интернет, најголем дел од нив купиле облека или спортска опрема.  Најголем број корисници на интернет услугите се учениците и студентите.  На интернет најчесто се поврзуваат  преку мобилен телефон а најмногу време минуваат на социјалните мрежи.

Според извештајот 69 проценти од македонските граѓани имаат интернет во својот дом. Годинава за 1 отсто е зголемен процентот на домаќинства кои имаат пристап до широко појасното поврзување.