Мајка и дете паднале во Вардар, во центарот на градот, брзо биле спасени

Денеска во центарот на Скопје, на кејот на Вардар, мајка се лизнала и паднала со количката со детето во водите на реката, дознава Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат.  Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.