Завршуваат Деновите на Мајка Тереза

Во рамки на Деновите на Мајка Тереза, денеска во Католичката црква „Срце Исусово Пресвето“ во Скопје ќе се одржи света миса по повод упокојувањето на света Мајка Тереза.

Според програмата на Деновите на Мајка Тереза, ќе бидат врачени посланија за хуманост и статуетка со ликот на света Мајка Тереза на граѓани и здруженија во Музејот на Град Скопје, што ќе биде придружено и со пригодна програма.