Лесен и едноставен рецепт: Кремасти коцки со лимон

За подготовка на овие вкусни кремасти коцки со лимон, потребен ви е околу еден час. Вашето семејство ќе ужива во овој вкусен и освежителен десерт.

Elizabeth LaRau / The Spruce Eats

Потребни состојки:

½ чаша несолен путер

½ чаша шеќер

¼ лажичка сол

1 чаша брашно

4  жолчки

1 конзерва засладено кондензирано млеко

¾ чаша свеж сок од лимон (околу 3 лимони)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 350 степени, намачкајте го тавчето со путер и одоздола обложете ја со хартија за печење. 

Во меѓувреме, додадете го брашното и измешајте на тивок оган додека не се соедини. Притиснете го дното на тестото и избоцкајте со вилушка. Печете додека не порумени, 15 до 20 минути.

Потоа направете го филот. Во поголем сад изматете 4 жолчки, кондензирано млеко и сок од лимон. Истурете ја смесата врз топлата кора, вратете ја тавата во рерна и печете додека филот не се стегне помеѓу 25 и 30 минути. Откако ќе се испече, почекајте да се олади, па ставете ги коцките во фрижидер додека не се стегнат најмалку 2 часа. 

Исечете го колачот на 16 коцки и посипете го со малку шеќер во прав.