Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена е главна ѕвезда на годинешното издание на „Тиквешки гроздобер“ кое ќе се одржи од 7-ми до 10-ти септември во Кавадарци
Организаторите главната музичка вечер ја најавија за 10 септември, а освен Лепа Брена ќе настапат и српскиот пејач Дарко Лазиќ, како и младата македонска ѕвезда Лина Пејовска.
И годинава дел од програмата за „Тиквешки гроздобер“ се карневалското дефиле, културни настани, мото рели, таблијада, изложба на олд тајмери. На градскиот плоштад пак во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.