Лавицата Тахома e нов жител на Зоо Скопје

Скопската зоолошка оваа зима стана дом на уште еден жител, а тоа е лавицата Тахома која дојде од Зоо Мунстер, Германија.

- Периодот на прилагодување во внатрешното живеалиште заврши а сончевото февруарско време е одличен услов таа полека да се навикнува на надворешната средина, информираат од Зоо Скопје.