Кривична пријава против двајца Индијци, на аеродромот во Скопје приложиле фалсификувана кипарска дозвола за престој

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.С.(29) и Н.Б.(41), двајцата од Индија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 20.10.2023 на Граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје пријавените приложиле фалсификувани кипарски дозволи за престој.