Инцидент на скопскиот аеродром: Жена нападнала полицаец на должност

36-годишна Турчинка вчера направила инцидент на скопскиот аеродром. 

Како што соопшти полицијата, вчера на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Б.(36) од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.