Наскоро ни доаѓаат празничните денови, а децата се оние кои највеќе се радуваат.
Со само неколку состојки можете да подготвите креативен десерт во кој ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки:
15 оризови плочки (исечени на триаголници)
шарени бонбони (Бони Топ или М&M)
15 новогодишни ментол лижавчиња (candy canes)
1 бело чоколадо
црвена и зелена боја за декорација
Исечете ги оризовите плочки на триаголници и поставете ги на мазна површина. Потоа прошарајте со малку стопено бело чоколадо. Прошарајте со бои и украсни бонбони. На крајот додадете ги новогодишните ментол лижавчиња, како на фотографијата.
Уживајте во магијата на празниците!