„Kралот“ на караокето „Meto Di Flash“ во Limak Skopje Luxury Hotel - Музички спектакал за незаборавна ноќ

„Limak Skopje Luxury Hotel“ ве кани на спектакуларна забава со „кралот“ на караокето „Meto Di Flash“. Сите љубители на музиката и најголемите хитови ќе имаат можност да запеат и да заиграат оваа седмица на 29 септември, со почеток од 21.30 часот.

Работната седмица заокружете ја со музичка треска за незаборавна ноќ, одлична можност барм за момент да ја ослободите вашата внатрешна рок ѕвезда во неодоливиот „Sky Lounge Bar!

За сите присутни, предизвикот на вечерта ќе биде да се покаже храброст да запеете на сиот глас, а како награда ќе следува пијачка од организаторите!

Резервирај го твоето место на телефон, 075-301-834, и биди дел од една поинаква скопкска урбана ноќ.