Ковачевски најави криза со млекото поради војната во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски најави нови економски мерки, пред сè во делот на маржите и разликата во цените, коментирајќи дека никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните.

Премиерот навести дека се јавува криза со млекото.

- Ќе има проблем кај млекото. Се јавува криза. Ќе имам утре состанок со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ќе разговараме кои мерки ќе ги преземеме, кажа Ковачевски додавајќи дека кризата е последица на војната во Украина.

Рече дека недостиг на млеко веќе има во некои региони во светот.