Пренџов до Ковачевски: Фала ти што ми се јави за роденденска честитка, но тоа не значи дека уставните измени ќе ти поминат

Откако премиерот Димитар Ковачевски во изјава за новинарите кажа дека вчера му го честитал роденденот, пратеникот Љупчо Пренџов преку социјалните мрежи му се заблагодари, но потенцираше дека уставни измени нема да има и дека нема да убедат ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

- Фала му на Ковачевски што ми честитатеше роденден, гледам дека тоа е доживување за него. Во контекст на останатиот дел од неговата изјава сакам уште еднаш да потенцирам дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека нема да убедат ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата да се поколеба, макар и по 3 пати да му честитаат роденден. Ковачевски да се спреми за опозиција, времето доаѓа“, напиша Пренџов.