„Комунална хигиена“ отстрани 80 метри кубни отпад од паркингот на гробиштата „Бутел“

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“.

- Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна, информираа од претпријатието. 

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија фотографии од куповите отпад на оваа локација во градот.