„Кажи не на дрогата, да на животот“, „Стави појас“...превентивни активности на МВР

 

Во текот на вчерашниот ден (26.10.) на подрачјето на секторите за внатрешни работи Битола и Штип беа реализирани неколку превентивни активности.
Во средно училиште во Битола беше спроведено едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Исто така, на подрачје на Битола, беше спроведена и активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“, додека на подрачје на ПО Новаци, се реализираше едукативно-превентивна активност „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.

На подрачје на СВР Штип, односно на подрачје на Кочани и Берово, беа спроведени превентивни активности на тема заштита од имотни деликти, при што на граѓаните им беа дадени совети за заштита од кражби, измами и разбојништва. Исто така во текот на вчерашниот ден, во Пробиштип беше спроведена превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, под мотото „Стави појас“.