Директорот на ЦСР Радовиш никако да излезе од билтенот на МВР, по скандалот со дрогата сега нападнал и полицајци

Името на актуелниот директор на ЦСР Радовиш Александар Филев се појави во билтенот на МВР на 08.03.2024 година откако во 19:15 часот во ПС Радовиш бил приведен од страна на полицијата. Делото за кое се сомничи е нарушување на јавниот ред и мир кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста.

Пред само еден месец истото ова лице бил уапсено за недозволена трговија со дрога.

На ова реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ каде прашуваат дали ова се кадрите на СДСМ кои ќе не внесат во ЕУ.

„Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи. Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ? Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“ велат од партијата.