Кавадарчанец украл возило, полицијата го фати

Вчера во селото Марена, кавадаречко, полицијата го приведе М.Р.(54) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека околу 17.30 часот на паркинг простор во село Марена одзел патничко возило „рено клио“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на Ј.О.(55) од Кавадарци.

Возилото било вратено на сопственикот, а М.Р. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објави МВР.