Кафаните полни, децата измалтретирани со маски на часови!

Предновогодишните забави ги збунија граѓаните или барем, оние совесните.

Во време на пандемија кога здравствените власти апелираат да нема масовни собири, социјалните мрежи се преполни со фотографии од предпразнични собири каде луѓето не држат дистанца, се во затворен простор и не носат маски.

Сѐ е тоа во ред, се додека некои не се жртви на пандемиските протоколи и нивната, на моменти, недоследност.

На социјалните мрежи се појави искуство кое ги вознемири најмногу родителите. Тие велат дека нивните деца се со часови под маски во училиште, додека се другo си функционира како да нема пандемија.

Имено, мајка раскажа како нејзиното 5 годишно дете, е трет пат во изолација во 2 месеци по 2 недели.

-За најубавиот дел од годината, празничен, дома ќе седи напикан! Комплетно здраво и право дете седи дома 6 недели во два месеци бидејќи такви биле протоколите кои немаат време да ги сменат или адаптираат веќе 2 години!!! Можете да замислите што се случува на оваа возраст да не може од дома толкав период да излезе, уште па со полиции на врата ги проверуваат!, пишува мајката.

Овој и многу други слични случаи предизвикаа револт затоа што децата, на училишните часови, како и на воннаставните активности, честo и сами ако свират пијано, или кажуваат песна на приредба, се со маски, или се приморани да бидат во излоација дома поради заразен член на семејство, додека дел од возрасните се однесуваат како сакаат и често се заобиколоуваат ковид-протоколите. 

На мерката за маски во училиштата реагираше и новинарката Мери Јордановска.

-Има ли барем еден надлежен во државава да даде логично објаснување зошто децата уште носат маски во училиште? Зошто бре ги малтретирате? Поголеми преносители се? Повеќе се заразуваат? Бројките не велат така. Кафаните преполни, не со 50 отсто капацитет туку со 200 посто капацитет, вакцинираните со две дози веќе се збогуваа од антителата, во минус ни отидоа, амааа сертификат за во кафана и мол обавезно на врата да си покажеш, па после диши си во врат со сите, ама детето сабајле испрати го со маска во школо. Само јас ли гледам нелогичност во меркиве, како некој сеир да си фаќа со нас? И не, не сум против мерки, ама апсолутно сум против мерки истресени од ракав, колку да се каже дека си играме држава, пишува Јордановска.