ЈСП денеска и утре ќе вози по изменет возен ред, бесплатен паркинг во Центар

Јавното сообраќајно претпријатије ( ЈСП) извести дека денеска, петок, поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

И в сабота (20.01.2024 год) ќе се вози по неделен возен ред.

Денеска, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а во сабота сите ќе работат со вообичаеното работно време.

 Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.