ЈП Водовод и канализација-Скопје со акција за расчистување на атмосферската канализација

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од секторот Канализација, во текот на денешниот ден, врз основа на временска прогноза за наредните денови, за кога се предвидуваат врнежи од дожд, спроведоа акција за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје, велат оттаму.