ЈП Паркинзи на Општина Центар: Неопходна е поголема сообраќајна култура

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 211 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

-110 непрописно паркирани возила отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“. 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.