Утрово нема активни пожари, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото.
- Во саботата (26 август 2023) имаше 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше пожарот кај Ајватовци. Додека вчера, недела (27.08.2023) имаше вкупно 26 пожари на отворено, информира ЦУК.