Избил пожар во две патнички возила во Волково

Две патнички возила биле делумно опожарени во скопско Волково. 

Од МВР соопштија дека случајот бил пријавен ноќеска во 02.22 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров. Едното возило е во сопственост на 33-годишник, а другото на 54-годишник од Скопје. Двете возила биле со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.