Избегнувајте го овој дел од Скопје: Сообраќајот се пренасочува поради сообраќајна незгода

Сообраќајот во близина на Католичката црква се пренасочува поради сообраќајна незгода која се случи попладнево. 

Сообраќајот на кружниот тек кај Католичка црква се одвива отежнато поради сообраќајна незгода која пред малку се случи во овој дел од градот. Според првичните информации автобус на Јавното претпријатие - Скопје удрил во велосипедист кој е повреден во  несреќата.

Веднаш по сообраќајката интервенирала итната помош, а во моментов полицијата го пренасочува сообраќајот по околните сообраќајници.

Апел до учесниците во сообраќајот да го избегнуваат овој дел од Скопје.