Избегнувајте го овој дел од Скопје попладнево - има измени во сообраќајниот режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (сабота) со почеток од 12.00 до 13.00 часот поради најавен протест на булевар „Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.