И денеска изменет сообраќаен режим во главниот град

Поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.