Исчезнати две жени - случаите ги пријавиле нивните сопрузи

Две скопјанки се пријавени во полиција како исчезнати. Според исказите на нивните сопрузи, тие излегле од дома и досега се немаат вратено. 

На 01.06.2021 во 23.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.Ж.(32) пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга М.Ж.(42). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.06.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.А.(43) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга М.С.(39). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.