Исчезна 13-годишно девојче од Скопје

13-годишно девојче од Скопје вчера било пријавено за исчезнато.

-На 14.06.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Д.(34) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Ј.Ф.Д.(13), која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Според пријавеното, Е.Д. се сомнева дека Ј.Ф.Д. е со нејзиното момче од населба Злокуќани, Скопје, информира МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.