Мостот „Беласица“ изгоре пред неколку дена, по што беше забранет за употреба, а тоа создаде дополнителен хаос низ улиците на градот Скопје.
Центарот за управување со кризи - Скопје известува дека зголемен број возила во овој период од денот има долж:
-бул. „Илинден“ кон Карпош;
-ул. „Димитрија Чуповски“ кон бул. „Свети Климент Охридски“;
-бул. „Александар Македонски“ кон излез на Скопје;
-ул. „11 Октомври“ кон Кисела Вода;
-бул. „Македонија“ кон ул. „11 Октомври“;
-бул. „Гоце Делчев“ кон ул. „Беласица“ и обратно;
-ул. „Свети Кирил и Методиј“ кон бул. „Водњанска“;
-бул. „Киро Глигоров“ кон насеба Аеродром и кон населба Автокоманда;
-мост „Близнак“ кон бул. „АСНОМ“.