Грчец два дена е во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја

Жителите на Грчец веќе два дена се без струја поради сериозен дефект во мрежата, а ова не е првпат да се случува вакво нешто.

Поради тоа жителите не се задоволни и излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров и бараа отстранување на дефектот.

Од ЕВН информираат дека дефектите се појавуваат поради кражбите од страна на дел од жителите, но освен тоа имале проблем и со жители кои им ги напаѓале екипите на терен кога одат да го санираат дефектот.