Граѓаните се гушат: Скопје десетти најзагаден град во светот

Жителите на Скопје повторно дишат загаден воздух и главниот град на Македонија се најде на десеттата позиција на платформата „IQAir“ која го следи загадувањето на воздухот.

Скопје има индекс на квалитет на воздух од 165, кој беше ажуриран на платформата во 9.00 часот, а пред него се наоѓаат градови од Ирак, Пакистан, Кина и Индија.

Главен загадувач во моментов во Скопје е ПМ 2,5 честичката и измерени се 84,4 микрограми на кубен метар.