ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: Мириса на запалено како да сум возел под рачна од Kичево до Лисиче!

Загаден е воздухот во делови од Скопје, односно во текот на јули мерните станици во Гази Баба и Лисиче регистрираат покачувања на концентрациите на ситните честички ПМ10. Пред неколку дена среднодневната концентрација на ПМ10 во Гази Баба и Лисиче изнесуваше околу 90 микрограми на кубен метар воздух, што е речиси двојно повисоко аерозагадување од дозволеното, кое не смее да надмине 50 мцг/м3.

Граѓаните од Аеродром будно го следат и го коментираат загадувањето во нивната општина. На „Фејсбук“ „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“ летово тие постираат низа фотографии на кои се гледа чад на разни локации. Има фотографии со густ црн чад од насока на улицата Вардарска, потоа сив чад од насока на железарските фабрики.

Граѓаните претпоставуваат дека воздухот го загадува индустријата и сиромашните граѓани што живеат во супстандардни услови во Вардариште и на други напуштени локации, каде што палат гуми за да ги одвојат од бандажите, кои потоа ги продаваат како старо железо.

Тие се нервозни бидејќи навечер не можат да ги отворат прозорците и да ги разладат домовите по топлиот ден.

- Од „Тинекс“ на „Трета македонска“ до Лисиче корне како да сум возел под рачна од Kичево до тука! Kлимите на дрва да не почнале да работат? Имаше чад некаде кај Вардариште, небото беше посивено накај 17 часот - се дел од коментарите на жителите на Аеродром, кои најмногу се жалат на миризба на запален отпад, запалени гуми и запалена пластика.

Овој проблем е присутен со години, а мерните станици Лисиче и Гази Баба редовно во лето регистрираат загадување. За разлика од нив, останатите станици во Скопје, во Центар, Kарпош,

Во минатото лето комуналните инспектори од општините Аеродром и Гази Баба имаа акции за заплена на отпадни гуми во дивата населба Вардариште за да ги спречат жителите во нивната лоша пракса да ги палат. Вчера од Општина Аеродром ни изјавија дека ваквите акции продолжиле и годинава, а ги преземаат сите мерки за заштита од загадувањето во нивна надлежност.

Заедничките инспекциски тимови во соработка со полицијата постојано се на терен на Вардариште, каде што во изминатиот период беа запленети над 100 гуми, а акцијата продолжува и понатаму - информираат од Аеродром.

Од Земјоделскиот инспекторат потсетуваат дека заради заштита од пожари, корисниците на земјоделското земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита, а палењето оган во посевите, во стрништата и во нивна близина е забрането. За прекршокот казната изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.