Градските автобуси под видео надзор

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе постави камери со снимачи во 100 свои возила. Станува збор за проектот „Опрема за видеонадзор на 100 автобуси и видео и алармен надзор во автобазите и продажните објекти“.

Со овој проект се очекува да се зголеми безбедноста на патниците и возачите и брзо откривање на сторителите на евентуални инциденти, како и спречување вандалско однесување на патниците што ги чкртаат и оштетуваат во возилата.

Од претпријатието не прецизираа на кои автобуски линии ќе бидат поставени камерите со снимачи.

Според нивната првична процена, реализацијата на проектот ќе чини 12 милиони денари, односно околу 200 илјади евра, средства што се обезбедени од претпријатието.

Од ЈСП очекуваат дека поставувањето на камерите може да помогне при решавањето на одредени инциденти, доколку евентуално се случат.