Готова за 20 минути: Ледена бајадера

Состојки:

3   лажици шеќер

1 мала лажица шеќер во прав

50 грама шеќер

200 грама чоколадо

200 грама путер

100 грама ореви

500 милилитри млеко

2 лажици какао

10 милилитри вода

1   Ванила пудинг

250 грама бисквити

Подготовка:

Кора: 100 грама чоколадо искршете и на пареа истопете го со постојано мешање и оставете го на топло.

Пенесто изматете 100 путер со 50 грама шеќер и додајте го истопеното чоколадо.

Во друг сад измешајте 250 грама мелени бисквити, какаото и мелените ореви па додајте ги во смесата со путер и чоколадо.

Додајте 50 грама сечкани ореви и  50 грама млеко за да добиете густа смеса.

Фил: Одвојте 100 милилитри млеко и во него растворете ги шеќерот и прашокот за пудинг. 300 млеко ставете го да зоврие и додајте ја смесата со пудингот.

Сварете густ крем. Омекнатиот 50 грама путер исечкајте го на ливчиња и додадете во малку изладениот пудинг и убаво измешајте.

Глазура: Искршете 100 грама чоколадото, додајте шеќер во прав, 30 грама путер исечен на ливчиња и една лажица вода. Истопете на пареа со постојано мешање.

Редење: Поголем, правоаголен, плиток сад обложете со проѕирна фолија.

Нанесете ја смесата за кора и убаво израмнете. Рамномерно распоредете го филот и нанесете ја топлата глазура.

Садот преку ноќ префрлете го во фрижидер а потоа исечете го на коцки и послужете.