Голема акција во Гази Баба: Специјалците на терен - уапсени над 20 лица

Во голема полициска акција која од утрово се изведува во Грчец и Гази Баба, уапсени се 21 лице за трговија со дрога дознава „А1он“.

Како што информира порталот дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош.

Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР, а се апсат луѓе кои се товарат за сериозен криминал.

Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи. Обвинителката Вилма Русковска го потврди ова за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување.