„Голем број туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка“ - не стивнуваат реакциите за новогодишното украсување на Скопје

Новогодишната елката што светна на скопскиот плоштад ги наполни со коментари социјалните мрежи.

На „Твитер“ ја споредуваат со кривата кула во Пиза, а твитерџиите се шегуваат и дека масовно пристигнуваат туристи за да се фотографираат со неа, па се бара кревет повеќе.

Град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.

Сепак, Арсовска не кажува кој го украсува Скопје. На страната на Бирото за јавни набавки нема договор за новогодишното укасување. Од друга страна, ако елката е донација не е познато кој е донатрот.

До овој момент нема одговори од Град Скопје ниту на прашањето чија е идејата градот годинава да биде накитен токму со ваква елка.