„Го нема Артан Груби да го крене ова, тој е по таа работа“, се пошегува Ковачевски на сметка на вицепремиерот при посета на македонска компанија

Интересен момент забележаа новинарите при посетата на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, на компанијата „ДИЕМ – ГП“ во Гевгелија.

Имено, кога Ковачевски даваше изјава во врска со денешната посета, од говорницата на која беа наместени микрофоните, еден падна, а Ковачевски се пошегува пред новинарите.

„Го нема Артан Груби да го крене ова сега, пошто он е по таа работа“, на шега коментира Ковачевски.

Ниту Ковачевски ниту Јованка Тренчевска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, која стоеше зад него, заедно со Сања Лукаревска, директорката на УЈП, не можеа да ја воздржат насмевката од ваквиот момент и реакцијата на Ковачевски.

Тој им се заблагодари на домаќините за пречекот во, како што рече, успешната македонска компанија, која редовно ги плаќа своите даноци.