Ковачевски потпиша договор - Формирана „Коалиција за европска иднина“

Престедателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со лидерите на коалициските партнери потпиша коалициски договор, со што формално се формира предизборната коалиција „Коалиција за европска иднина“.

Коалицискиот договор денес го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионерите, ДОМ, ВМРО-НП, Демократскиот сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојузот на Ромите во Македонија, Десницата, Партијата за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова република.

Коалицијата за европска иднина, како што велат, е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционираат демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи.