Го фатиле со полна приколка натоварена со дрва, се обидел да и избега на полицијата

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници го уапсиле Љ.С. поради сомнение за нелегална сеча на дрва.

Вчера во 14.00 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(48) од с.Блаце, скопско. Околу 13.20 часот во с.Орман, скопско, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Љ.С., а кое било натоварено со огревно дрво. Набргу, на местото пристигнало уште едно лице со патничко возило „форд галакси“, по што истоварило дел од дрвата во возилото „голф“, ги зело клучевите од Љ.С. и го напуштило местото. При обид да го спречат, Љ.С. ги попречувал полициските службеници, по што и тој се обидел да побегне со возилото „галакси“, но бил уапсен.  

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.