Германскиот политичар Бајер во Скопје, ќе даде придонес за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски објави фотографија заедно со Питер Бајер, германскиот политичар и член на германскиот парламент за кого рече дека ќе даде придонес за кампањата на ВМРО ДПМНЕ.

- Заедно до двојна победа на парламентарните и претседателски избори! Деновиве, во посета на Скопје престојува германскиот политичар и член на германскиот парламент Петер Бајер кој доаѓа од редовите на нашите пријатели - политичката партија ЦДУ. Тој со своето искуство и кредибилитет ќе даде придонес за кампањата на ВМРО ДПМНЕ, објави Муцунски. 

- Благодарност за поддршката во овој важен период за Македонија. Таа ги нагласува меѓусебното партнерство, соработката и споделувањето на заедничките вредности и истата е доказ дека ВМРО ДПМНЕ е пред двојна победа на претседателските и парламентарни избори што следат, додава тој во објавата.