Аеродром ќе има голема поддршка од владата и на тој начин ќе го забрзаме развојот на општината, вели Муцунски

Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски заедно со кандидатите за пратеници оствари средби со граѓани на повеќе локации во општината во пресрет на изборите. 

- Народот е нашата сила и најсилниот поддржувач. Со вашата поддршка во изминатите две години успеавме од Аеродром да направиме убава, модерна, зелена и смарт општина. Тој начин на одговорно работење и визијата за забрзан развој по изборите ќе ја имплементираме и на централно ниво. За мене средбите и разговорите со аеродромци секогаш се вистинско задоволство, порача тој. 

Како што рече Муцунски, пред граѓаните се обврзале дека ќе продолжат да работат чесно, одговорно и домаќински.

- Ќе ја вратиме довербата во институции, ќе интегрираме Македонија во меѓународните институции и ќе се грижиме националниот идентитет. ВМРО ДПМНЕ има силен кадровски потенција и програма од 1198 проекти за Македонија. Аеродром ќе има голема поддршка од владата и на тој начин ќе го забрзаме развојот на општината, дециден е Муцунски.