Професорот Трајковски со прогноза: Еве кој ќе формира стабилна влада, а кој заминува во историјата!

Професорот Дејан Трајковски, од Техничкиот факултет во Битола, објави прогноза на бројот на пратенички мандати врз основа на бројот на гласови на претседателските избори. 

- Доколку како појдовна основа ни послужат броевите на освоени гласови на седумте политички партии во шесте изборни единици на претседателските избори одржани на ден 24.4.2024 година (Табела 1.), според Д'Онт-овиот (D'Hondt) модел можеме да извршиме прогноза на распоредот на пратеничките мандати по изборни единици на претстојните парламентарни избори (Табела 2). Во последната колона се претставени вкупните прогнозирани броеви на гласови на партиите во парламентот, анализира тој во објава на својот фејсбук профил. 

- Претпоставуваме дека гласачите повторно ќе гласаат за пратениците од истата политичка партија, за чијшто претседателски кандидат гласале две недели претходно. Иако на парламентарите избори ќе учествуваат уште неколку други партии, поради малиот број на освоени гласови тие најверојатно нема да освојат ниту еден пратенички мандат, така што распределбата на мандати според Д'Онт-овиот модел не би требало многу да се разликува - барем според овој основ, појаснува во анализата. 

На крајот констатира: 

- Ако денот се познава по утрото, тогаш на претстојните парламентарни избори најголем добитник би било Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, додека најголем губитник би бил СДСМ. Левица минимално би го зголемила бројот на мандати од досегашните 2 на 3. Ниту една политичка партија не би освоила апсолутно мнозинство за формирање на самостојна влада, но како што моментално стојат работите и знаејќи ги ставовите на партиите за идното коалицирање, големи се шансите идната влада да ја формираат ВМРО-ДПМНЕ, Движењето ЗНАМ, Левица и коалицијата „Вреди“. Таквата влада би била прилично стабилна, а СДСМ и ДУИ би заминале во опозиција наредните 4 години.

Неговата анализа во целост во продолжение: