Финансиската полиција за акцијата „Синџир“: 30-дневен притвор за организаторот на злосторничкото здружување

Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на првопријавениот во акцијата „Синџир“, соопшти Управата за финансиска полиција. Од таму велат дека првопријавениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување.

Оваа недела Управата за финансиска полиција спроведе акција во повеќе градови во државата, која е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал со кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Уапсени беа 20 лица, по шестмина се трагаше, а истрага има за 28 фирми за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.