Филипче: Засега нема нови мерки, нема доволно информации за новиот сој

По утринскиот состанок на Комисијата зазаразни болести, министерот за здравство Венко Филипче информираше за евентуалните нови мерки против новиот „омикрон“ сој.

-Имаме прилично стабилна епидемиолошката ситуација во земјава. Во болниците има поголем број на слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника каде во изминатиот период немаше слободни места за хоспитализација. Разговаравме за новиот сој. Нашиот заклучот е дека остануваме со овие мерки, бидејќи нема доволно информации за новиот сој. Секако дека ја следиме состојбата. Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија, рече министерот Филипче.

Тој појасни дека согласно информациите на СЗО новиот сој на корона вирусот е полесно пренослив, но директорот на американскиот институт за здравство д-р Колинс вели дека е тука некаде како делта сојот.

-Очигледно е дека остануваме со овие мерки, сметаме дека се добро димензионирани, со акцент на вакцинацијата, потеницраше Филипче.

Тој рече дека утре на седница на влада ќе се разгледуваат мерките за стимулацијата на матичните лекари за да ги мотивираат своите пациенти да се вакцинираат.

Филипче рече дека имаат табела со 1.500 матични лекари и податоци колку од нивните пециенти се вакцинирани.