Епилог на случајот на Веапоска: Што вели медицинскиот извештај за извадените органи?

Завршен е стручниот надзор на Министерството за здравство во болницата во Струга, а со тоа и случајот на родилката Јилдиз Веапоска е пред самиот епилог. 

Како што дознава „Слободен печат“, единствена недоследност во нејзиниот случај е грешката со полот на бебето, кое било заведено како машко, а Веапоска родила девојче. 

Поради проблеми и болки кои се јавиле по породувањето, таа морала да биде повторно оперирана. При отварање на абдоменот, констатирано е крварење околу репродуктивната регија и бубрезите. Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животото на пациентката.

Деталите од извештајот прочитајте ги тука