Родилката низ солзи: Можеби до мојата смрт ќе има правда

Повторно се одложи случајот со родилката Јилдиз Веапоска, која остана без матка, јајник и бубрег при оперативен зафат.

- Ова е само купување време. Првиот судија, кој го зема предметот, си замина во пензија. Сега и вториот судија оди во пензија и ќе дојде нов судија, вели Веапоска.

Веапоска кажа дека нема никакво очекување и не верува во судот.

- Јас правдата колку години треба да ја барам? Физички сум оштетена, половина човек сум. Можеби до мојата смрт ќе има правда, кажа родилката.